Србија нуди неколку модели за работа на школите
Српското Министерство за образование планира на училиштата да им понуди неколку модели за работа од 1 септември, а тие треба да одлучат што ќе прифатат врз основа на нивните можности, рече денеска министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Тој изјави дека еден од моделите е часовите за учениците од 1 до 4-то одделение да се одвиваат во училиштата, сите со заштитни мерки, а одделенијата да се поделат до 15 ученици. Се предвидува и часовите да траат 30 минути. Учениците до четврто одделение да имат по четири часови дневно, а по секој блок часови училниците да се дезинфицираат.
Министерот Шарчевиќ најави дека постарите ученици од основните училишта ќе одат на училиште од 14 часот. од петто од седмо ќе имаат по пет часа дневно, а во осмо по шест.
Состанок за протоколите за новата учебна година
Ако родителите имаат одредени стравувања своите деца да ги пуштат да одат на училиште, ако имале некој кој бил сериозно болен или починал, нема да постои проблем родителот ако одлучи детето наставата да ја следи целосно преку Интернет.
За средните училишта може да се применат неколку модели, а основниот модел е да работат неделно и тие самите да ги распределат во групи учениците во зависност од програмата, дали станува збор за гимназии или за стручни училишта.
А одлуката за факултетите ќе биде донесена следната недела.