Трамп ќе разговара со руските власти за Белорусија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе разговара со руските власти „во соодветно време“ во услови на протести против белорускиот лидер Александар Лукашенко, кои според Трамп, се претежно мирни. Тој додаде дека се чини оти во Белорусија не постои „премногу демократија“.
Поранешната советска република се соочува со бран на протести по претседателските избори на кои победи Лукашенко, а неговите противниците тврдат дека гласањето било нерегуларно.
„Ми се допаѓа да гледам демократија. Демократијата е многу важен збор. Се чини дека нема премногу демократија во Белорусија“, им порача Трамп на новинарите на настан во Белата куќа.
Лукашенко кој пред неколку недели ја обвини Русија дека испраќа платеници во Белорусија за да предизвика проблеми, се обрати до рускиот претседател Владимир Путин за помош.
На Лукашенко не му остануваат многу опции
Трамп не соопшти други детали за тоа кога би се одржала разговорите со претставници на Русија, додавајќи дека ќе разговара и со други луѓе.
Лидерите на Европската унија, исто така, повикаа на разговори за Белорусија и треба да разговараат за можните санкции против земјата на 19 август.
Белоруската опозиција бара оставка од Лукашенко по спорниот реизбор за неговиот шести мандат и повторување на претседателските избори.