Филипче: Се подготвуваме оти наесен може да се комплицира
Во овој момент состојбата со епидемијата на Ковид-19 во државава е стабилна, но сепак интензивно се подготвуваме за есенските месеци кога претпоставуваме, а претпоставуваат и многу други земји во регионот и во Европа, и на северната хемисфера, дека ситуацијата може да се комплицира, заради тоа што е вообичаена сезона на респираторни заболувања, ијази денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Од прво до трето одделение во школо со дозвола од родителот, другите онлајн
Тој посочи дека уште на почетокот на летото почнале со зајакнување и надградба на капацитетите за третман на пациенти заболени од Ковид-19, како дополнување на монтажната болница до Инфективната клиника која има 70-тина кревети и во овој момент е целосно празна, но во исто време и целосно подготвена и со централен довод на кислород да прими пациенти.
Нови 130 случаи на Ковид-19 и двајца починати
Се укинува контролниот корона тест по изолација
„Уште еден монтажен објект се постави до Клиниката за пулмологија и алергологија, како мини тријажен центар и по овој модел поставуваме уште 16 регионални мини инфективни одделенија во Гевгелија, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен“, рече Филипче.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања, 2.062, односно 17,8 отсто, повеќе споредено со претходната недела.