Албанија со нов рекорд на заболени од ковид19-158 во последните 24 часа
Со зголемениот број на извршени тестови во изминатите 24 часа во Албанија е регистриран раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19.
„Од направените 864 тестови на сомнителни случаи, новиот коронавирус е дијагностиран кај 158 лица што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се потврдени дури 81 случај. Во исто време оздравени се 57, а починаа двајца пациенти“, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Во Албанија досега се направени 52.724 тестови, од кои позитивни на вирусот биле 7.812 лица, оздравеле 3.928, а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650 луѓе.
Коронавирус на Балканот-секаде трицифрени бројки
Инаку денеска расте бројот на новозаболени и во други земји од регионот. Во соседна Србија вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата досега надмина 30 000, а во Босна и Херцеговина за 24 часа регистрирани се 340 нови случаи и 12 починати.
1902 тестирани, 108 нови корона позитивни и двајца починати
Во Македонија, како што информираше Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 , двајца починати и 112 оздравени пациенти.