Во Белорусија уапсени новинари кои требало да го следат протестот во Минск
Полицијата во Белорусија денеска уапси околу 20 новинари кои се подготвуваа да го покријат протестот на централниот плоштад на слободата во Минск.
Новинарите биле ставени во минибус за да бидат однесени во полициска станица за идентификација, соопшти портпаролката на полицијата во Минск, Наталија Ганушевич.
Меѓу притворените е и дописникот на Радио Слободна Европа, Улазимир Гридин.
Белоруската полиција ги растера демонстрантите во Минск
Во Минст почна протестот на неколку стотици демонстранти кои бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко. Тие сметаат дека се наместени резултатите од изборите на 9-ти август, на кои Лукашнеко освои шести мандат. Авторитарниот лидер на Белорусија управува со земјата цели 26 години.