Пентагон најави повлекување на војници од Ирак
Американската армија денеска соопшти дека ќе го намали бројот на војници во Ирак за околу 40 проценти до крајот на месецов. Се очекува да бидат повлечени околу 5 илјади американски војници оттаму. Присуството на американската војска во Ирак имаше за цел борба против милитантната група Исламска држава.
Официјалните претставници на маринците велат дека ирачките воени сили се подготвени да се справат со таа борба, но и дека и натаму ќе работат со нив на проширување на нивните безбедносни капацитети. Американскиот претседател Доналд Трамп на последната средба со ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими изјави дека сака да направи добар план на повлекува на војската.
Во меѓувреме постојат зголемени тензии меѓу Вашингтон и Багдад откако во јануари при воздушен напад на коалицијата предводена од САД на аеродром во Багдад загина командант на ирачките сили Ќасем Солејмани и водач на ирачката полиција Абду Махмади ал Мухандис. Пентагон тогаш соопшти дека претседателот Доналд Трамп го одобрил нападот и оти имал за цел да ги одврати идните ирачки агресивни планови.
Трамп: Солејмани беше закана за САД
По тој инцидент, ирачкиот парламент поддржа необврзувачка резолуција со која се бара заминување на меѓународните трупи од земјата.