Пензионерите редовно гласаат, власта им се додворува
Како дел од четвртиот пакет ковид-мерки, платежна картичка од 6 илјади денари ќе добијат и пензионерите со ниски пензии, иако тие не беа погодени од економската криза. Аналитичарите сметаат дека власта сака да ги придобие затоа што се големо гласачко тело.