Македонско-бугарска комисија - нема договор, но има надеж
![Македонско-бугарска комисија - нема договор, но има надеж](https://gdb.rferl.org/f59abfea-73e5-455d-8aa7-8fe29470a4a4_w800_h450.jpg)
Нема договор за револуционерот Гоце Делчев, има мали поместувања за учебниците, а договорена е уште една средба до крајот на годинава и пет следната година, информираа копретседавачите на мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров.