Во Париз церемонија во чест на убиениот учител Пети
![Во Париз церемонија во чест на убиениот учител Пети](https://gdb.rferl.org/8d6696dc-0024-45d9-a2fa-51f2b138fd53_w800_h450.jpg)
На парискиот универзитет Сорбона денеска ќе се одржи национална церемонија во чест на Самуел Пети, 47-годишниот учител по историја, кого во минатата недела го обезглави осомничен исламист. Тој постхумно ќе ја добие највисоката награда на Франција, „Легија на честа“, изјави министерот за образование Жан-Мишел Бланкер. Пети беше убиен во петокот сред бел ден пред неговото училиште во едно предградие во Париз од 18-годишник со чеченско потекло. Полицијата го застрела напаѓачот.
Француската полиција во акција на осомничени за соучество во обезглавувањето на учител
Тинејџерот се одмаздувал за покажувањето карикатури на пророкот Мухамед од страна на неговата жртва на час за слобода на изразување. Муслиманите веруваат дека секое прикажување на Пророкот е богохулно. Убиството ја шокираше Франција и потсети на нападот пред пет години во канцелариите на сатиричното списание „Шарли Ебдо“. Јавни личности го осудија убиството како напад врз Републиката и врз француските вредности.