Нови 518 случаи на заразени со ковид-19 и девет починати од вирусот
Нови 518 случаи на зазарени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2367 тестирања. И натаму најмногу новозаразени има во Скопје-261, Тетово-30, Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, , Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.
Ковид-19 зема замав, и во земјава, но и во цела Европа
Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.