Борбите во Нагорно Карабах продолжуваaт
Азербејџанските и ерменските сили продолжија да се судираат во и околу Нагорно Карабах рано изутрината, по еден ден откако министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан се состанаа со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон за да разговараат за тоа како да се реши деценискиот конфликт.
Министерот за надворешни работи на Азербејџан Кејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Ерменија, Зохраб Мнатацаниан, се состанаа одделно со Помпео во Стејт департментот на САД вчера. Помпео ја истакна важноста на страните да влезат во суштински преговори под покровителство на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), изјави портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус.
Путин верува дека во Нагорно Карабах досега загинале скоро 5.000 луѓе
Соединетите држави, Франција и Русија се копретседавачи на групата Минск, формирана на почетокот на 90-тите години на минатиот век, за да се најде решение за прашањето за Нагорно Карабах. Мнацаканијан ја отфрли идејата за каква било улога на Турција како гарант за безбедноста, велејќи: „Турција нема никаква улога во ова“. Тој рече дека Турција, која го поддржа Азербејџан во последните борби, „е дел од проблемот“. Мнацаканиан исто така рече дека Ерменија ќе го поздрави распоредувањето на мировниците во регионот.
Министерот за надворешни работи на Азербејџан кажа дека тој му рекол на Помпео оти „ерменската окупација“ на Нагорно Карабах мора да заврши. „Ние сме посветени на изнаоѓање политичко решение за конфликтот и подготвени веднаш да ги продолжиме суштинските разговори“, рече Бајрамов.