Софија ги затвора ноќните клубови поради Ковид-19
Од утре сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија ќе бидат затворени. Мерката ќе важи во следните две недели, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.
Одлуката доаѓа по состанокот со општинскиот штаб и зголемените случаи на Ковид-19 и хоспитализираните пациенти во Софија.
Фандакова ги повика компаниите во Софија, доколку има можност, да им дозволат на своите вработени да работат онлајн.
Бугарскиот претседател Радев негативен на коронавирус