Осуда за масовното собирање на погребот на Амди Бајрам
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска даде осуда за погребалната церемонија за поранешниот пратеник Амди Бајрам на која имало околу 300 лица. Филипче рече дека поради такви препкршувања, постојано има зголемување на бројот на заболени.
„Сметам дека никој не треба да ги прекршува протоколите, а секој да се придржува до апелите и препораките. Никој не треба да се чувствува дека е привилигиран и тоа да го прекршува. Со секоја почит кон починатиот и целата церемонија. Но, од такви прекршувања имаме проблем целиот овој период. Немаме проблем таму каде нема собирања и се носат маски. Го осудувам тоа прекршување на таа наша препорака“, рече Филипче.
Почина поранешниот пратеник Амди Бајрам
Поранешниот пратеник Амди Бајрам почина во саботата на 64-годишна возраст. Имаше собраниска кариера од речиси две децении.