Помош за 48 компании кои инвестираат во пандемија
Владата потпиша договори со 48 компании кои решија да инвестираат во услови на криза, а тоа се 38 нови договори и 10 анекс договори, информираше на денешната прес-конференција, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи.
Вкупниот инвестициски циклус изнесува 53,4 милиони евра од кој 29,4 милиони евра по основ на нови 38 договори. Овие компании се очекува да отворат 498 нови работни места и да ја зголемат конкурентноста на домашната економија.
Битиќи: Најмалку 145 милиони евра завршиле за помош на стопанството
„Поддршката на овие компании е значајна и од аспект на рамномерен регионален развој, бидејќи само 21 отсто од компаниите се од Скопје и околината, а останатите 79 отсто се од други градови од државата. На овој начин им се дава можност на граѓаните да останат дома и да придонесат за локален економски развој“, рече Битиќи.
Тој додаде дека најголем број од поддржаните компании се мали компании и оти Законот дава еднаква можност и за домашните и за странските компании важно да сакаат да инвестираат.