Изменетиот Закон за заразни болести пред Комисијата за здравство
Собраниската Комисија за здравство денеска треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во второ читање, откако вчера на пленарна седница беше усвоена потребата од негово донесување.
Законот треба до овозможи Владата да воведе нови построги мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, откако земјава како и целиот свет од почеткот на 2020 година се соочува со пандемија на Ковид-19.
Собранието по скратена постапка ќе ги донесе мерките за Ковид-19
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера, образложувајќи ја потребата за донесувањето на законот по скратена постапка, рече дека таа произлегува од зголемената потреба за почитување на превентивните мерки за заштита од болеста.