Вучиќ му ја честиташе победата на Бајден
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска упати „искрени честитки“ до Џо Бајден за изборот за претседател на САД.
„Ви посакувам мудрост и одлучност да се соочите со постојните предизвици за благосостојбата на Америка и на светот. Се надевам на продолжување на добрата соработка со Вас, каква што имавме и со Доналд Трамп, на што сме му многу благодарни“, напиша Вучиќ на Твитер.
Според проекциите на водечките американски медиуми, Џо Бајден на претседателските избори го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.
Победата на Бајден му ја честитаа и другите балкански лидери.