Единаесет здравствени работници од Инфективна позитивни на ковид-19
Позитивна на ковид -19 се единаесет здравствените работници кои работат и се на испомош на Инфективната клиника, а уште дваја се во изолација. Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информираат за МИА од Министерството за здравство.
На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.
Регистрирани 978 нови случаи на ковид 19 и рекорден број починати -26 лица
Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, потенцираат од Министерството за здравство.