Медицински здруженија од САД бараат Трамп да му ги каже на Бајден критичните корона-податоци
Шефовите на три американски медицински здруженија го повикаа претседателот Доналд Трамп да ги сподели критичните податоци за КОВИД-19 со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за да се избегне какво било заостанување во справувањето со неконтролираното ширење на коронавирусот во земјата.
Писмото, потпишано од раководителите на Американската медицинска асоцијација, Американското здружение на медицински сестри и Здружението на американски болници, му беше доставено на Трамп на 17 ноември, бидејќи бројот на случаите на корона-позитивни во САД продолжува со параболно искачување. Раководителите на здруженијата изјавија дека треба да се споделат информации за терапевтски производи, материјали и работна сила за да се спасат животи.
Вонредниот укор се случи кога Трамп продолжува да одбива да ги признае изборите, што го блокира споделувањето информации со тимот на Бајден. Соединетите држави во моментов се мачат од рекордните 73.000 хоспитализации на КОВИД-19.