ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада, СДСМ: Немате легитимитет
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, преку објава на фејсбук, побара итно да се формира влада составена од експерти која ќе работи на подобрување на состојбите во здравството и економијата. Претходно и неговиот сопартиец, Антонијо Милошоски, со перформанс пред Владата каде постави црни ленти, побара оставка од премиерот Зоран Заев и од министрот Венко Филипче.
„Сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола треба да си поднесе оставка. Во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес“, рече Милошоски од пред Владата.
На обвинувањата од опозициската партија реагираше владејачкиот СДСМ.
„Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери . Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција“, реагираше СДСМ.