Борците навредени, Заев ги разбира негативните емоции
Сојузот на борци бара премиерот Заев да се огради од своите ставови дадени во интервју за БГНЕС. Историчарот Петар Тодоров вели дека секоја изјава која ќе ги оживее старите и ќе создаде нови проблеми во односите меѓу државите и народите може само негативно да се одрази на работата на Комисијата.