Гир: И ЕУ сака што побрзо да се закаже меѓувладина седница
Тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција со Европската унија (ЕУ). Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, изјави на денешната прес-конференција, евроамбасадорот во Северна Македонија, Дејвид Гир,.
„Во март минатата година сите 27 земји-членки на ЕУ тогаш одлучија дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се усвои преговарачката рамка за вашата земја и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу вашата земја и Европската унија“, рече Гир.
Според него, сето тоа одзема време, но најважно е, како што рече, дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.
„Она што е најважно е вашата земја да продолжи на реформскиот пат и да го направи тоа што е можно побрзо затоа што тоа не е во интерес само на ЕУ, туку е во интерес на граѓаните на Северна Македонија, вели евроамбасадорот.
Преговорите во ќорсокак, потврдуваат извори во Советот на ЕУ
Претходно, како што јави дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел, висок дипломатски извор на ЕУ, изјавил дека „преговорите се во ќорсокак и дека поради бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела Унија“.