Бугарскиот претседател вели парламентарни избори во март
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 28 март 2021 година. Тој за агенцијата БГНЕС вели дека изборите треба да се одржат на време со испорачани и лиценцирани машини и со сите мерки за да се гарантира правото на глас на секој Бугарин.
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за нов устав
До пред два месеца ширум Бугарија секојдневно се одржуваа масовни протести со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев поради корупција. Претседателот Румен Радев тогаш во изјава пред Парламентот и порача на Владата дека треба да си замине и да се организираат предвремени избори.