ЕУ со нови санкции за Турција, Анкара вели: Бидете чесни
Лидерите на ЕУ 27 на самитот во Брисел одлучија да почнат подготовки за санкции против Анкара. Во нацрт заклучоците од самитот се наведува дека Советот на Европската унија (ЕУ), вклучително и министерот за надворешни работи Џозеф Борел, се повикуваат да „усвојат дополнителни списоци“ кои ќе бидат додадени на постојниот пакет санкции воведени поради „нелегалните турски активности за дупчење во источниот Медитеран“.
Лидерите на шефот за надворешна политика на ЕУ му дадоа мандат до март 2021 година да презентира извештај за „состојбата на политичките, економските и трговските односи меѓу ЕУ и Турција“ и можностите за во иднина, што вклучува и можни санкции против турските бродови кои вршат дупчење и истражување на гас и нафта во источниот Медитеран.
Турското Министерство за надворешни работи ја повика Европската Унија да дејствува како чесен посредник во спорот што Турција го има со Грција и Кипар за истражувањето на резервите на гас на истокот на Средоземното Море кога ЕУ поради тоа ги прошири санкциите против Анкара. Во соопштението се наведува дека Анкара го отфрла пристрасниот и незаконски став на членките на Унијата, што, според Анкара, ја потврдува нивната солидарност со Грција и Кипар.