САД почнуваат со дистрибуција на вакцините против ковид
САД започнаа со дистрибуција на нивните први вакцини против коронавирусот, соопштија официјални лица. Се очекува тоа да биде огромна логистичка операција во следните месеци за вакцинација на десетици милиони луѓе.
Густав Перна – висок претставник на американската владина Операција „Wrap Speed“, на 12 декември изјави дека процесот на дистрибуција е веќе започнат со пакување на вакцините произведени од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек.“
Компании за достава ќе почнат да ги пренесуваат вакцините утрото на 13 декември до дистрибутивните центри, од каде ќе бидат испратени до болниците и здравствените центри почнувајќи од 14 декември.
Брзањето за доставување на вакцините доаѓа откако Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на 11 декември ја одобри вакцината со две дози за употреба кај лица на возраст од 16 до 85 години.
Почетокот на кампањата за масовно вакцинирање доаѓа во услови на пораст на вирусот низ целата земја, со просечни дневни инфекции од 210.000 луѓе во изминатата недела, а вкупниот број на смртни случаи забрано се приближува кон 300.000.
Како што се приближуваат божиќните празници, Европа се бори да го смири бруталниот втор бран на вирусот. Италија на 12 декември ја престигна Британија како европска нација со најголем број на жртви од коронавирусот.
Во Германија, канцеларката Ангела Меркел и 16 државни гувернери се очекува на 13 декември да повикаат на заострување на ограничувањата од следната недела за да го запрат растот на случаи пред претстојните празници.