Корона-кризата го чинеше хрватското здравство над 120 милиони евра
Корона-кризата досега го чинеше хрватското здравство вкупно 927,4 милиони куни, односно околу 123 милиони евра, објави денеска тамошниот министер за здравство Вили Берош.
Според податоците, 76 милиони евра биле потрошени на тестирање до 18 ноември, трошоците за лекување се 36 милиони евра, а трошоците за боледување се над 11 милиони евра, изјави Берош на прес-конференција.
Тој додаде дека во Министерството за здравство се одржува состанок со претставници на веледрогерии за состојбата на долгот на здравствениот систем за лекови и медицински материјал, пренесоа хрватските медиуми.
Од почетокот на пандемијата досега, во Хрватска се регистрирани над 195 илјади случаи на коронавирус, а 3257 луѓе починаа.