Направени 591 ковид тестови - 129 нови случаи и 22 починати
Во последното деноноќие починале 22 пациенти со ковид-19, сите во болнички услови, биле направени 591 тестирање и регистрирани 129 нови случаи на коронавирус, објави Министерството за здравство (МЗ).
„Пријавени се девет починати пациенти од Прилеп, од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68). Другите починати се тројца пациенти од Скопје (44, 61 и 67), еден од Куманово (88), еден од Дебар (43), од Штип (64), двајца од Струга (86 и 78), еден пациент од Велес (75), од Битола (58), од Гевгелија (72.), од Делчево/Македонска Каменица (86) и еден пациент од Кичево (69). Новите случаи се регистрирани во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1“, соопшти МЗ.
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ државата лежат 1.197 пациенти и има околу 280 празни болнички кревети во Ковид-центрите. Институтот за јавно здравје регистрирал 1.122 оздравени пациенти во последното деноноќие.