Во скопските ковид центри има 459 пациенти и 50 слободни места
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје, се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, вкупно се лекуваат 459 пациенти, а дома се пуштени 35 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациент, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 44 пациенти.
Ивермектин - стар лек, нова надеж против ковид кризата
„И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот, имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ '8 Септември'“, соопшти МЗ.
Од Министерството нагласуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имаат потреба од кислородна поддршка.