МПЦ-ОА: За празниците да се почитуваат корона-мерките
Светиот архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во духот на препораките добиени од страна на
Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното
здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без
нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата, соопшти денеска МПЦ-ОА.
„Верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите“, стои во соопштението од Синодот.
МВР подготвило посебен план за новогодишната ноќ и за први јануари
И извршната власт и здравствените власти деновиве апелираат претстојните празници да се одбележат во кругот на најтесното семејство, а министерот за внатрешни работи најави дека полицијата има посебен план за работа за новогодишната ноќ и на први јануари, без да открие детали.