За 24 часа во Македонија 614 пријави за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 614 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Министерството и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непочитување на мерката за носење заштитна маска за лице и на отворени јавни места изнесува 20 евра.