Стари предистраги за банки може да предизвикаат паника кај штедачи
Изјавата на Арафат Муарем дека некои банки се под лупа на финансиската полиција го вознемири банкарскиот сектор. Муарем потоа го дообјаснуваа дека станувало збор за стари истраги. Според екс гувернерот на Народна Банка Гошев, со вакви изјави може да се произведе на вештачки начин вистински проблем.