Во Авганистан убиена угледна активистка за права на жените
Угледната авганистанска активистка за права за жените, Фрешта Кохистани, вчера била убиена во село во провинцијата Каписа северо-источно од Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи. Убиството на Кохистани беше последното во низата насочени убиства што предизвикаа меѓународна загриженост.
„Неидентификувани вооружени лица, возејќи се на мотоцикл ја застрелале Фрешта Кохистани во областа Хес-е-Авл во областа Кохистан во Каписа, а нејзиниот брат беше ранет во нападот. Разузнавачките единици започнаа истрага за нападот“, се вели во соопштението од Министерството.
Експлозија на автомобил бомба во Кабул, осуммина загинати
Полицијата во Каписа, пак, соопшти дека во нападот бил убиен и братот на Кохистани. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот на 24 декември. Убиството на Кохестани се случи еден ден откако беше убиен Јусуф Рашид, шеф на авганистанска независна група за набљудување на изборите во Кабул.