Мицкоски пак повикан да сведочи во случајот „Организатори на 27 април“
Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година треба да продолжи денеска, а како сведок повторно е повикан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на минатото рочиште не се појави поради лични причини, а од неговата партија информираа декаќе сведочел ако уредно биде поканет.
На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, и Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски не дојде да сведочи за Организатори на 27 април
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.