Масовно тестирање на коронавирус во кинескиот град Далиан
Властите во кинескиот град Далиан спроведуваат тестирање на милиони жители, откако во последните 24 часа биле пријавени седум нови случаи на заразени со коронавирус.
Како што јави Асошиетед прес, во новото жариште на епидемијата во последните неколку дена се забележани вкупно 12 случаи на зараза. Властите ги затвориле училиштата и јавните установи, а само неопходни категории на вработени имаат дозвола за движење.
Пекинг исто така се наоѓа во состојба на висока готовност, бидејќи вчера биле пријавени два асимптоматски случаја, покрај двата потврдени од минатата недела.