ДКСК иницира постапка за една партија за незаконско финансирање во избори
Антикорупциската комисија (ДКСК, Државна комисија за спречување корупција) ќе покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка за една политичка партија за „незаконско финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори“.
Овој заклучок беше усвоен на денешното продолжение на 45 седница на Државната комисија за спречување корупција.
„Постапувајќи по нашите надлежности ние во октомври доставивме барање до Државниот завод за ревизија и до Управата за финансиско разузнавање барање за надлежно постапување. Имаше сомневања дека дел од политичките партии се финансираат спротивно на изборниот законик, односно од недозволени извори на финансирање. Неодмана добивме одговор од Управата со кој се потврдија нашите наводи за незаконско финансирање на една политичка партија. Предлогот е за конкретната партија ние да покренеме иницијатива пред Јавно обвинителство за поведеување постапка“, наведе ДКСК во заклучокот од денешната седница, кој беше едногласно усвоен.
ДКСК ќе го проверува имотот на функционери, градоначалници и судии
ДКСК денеска или утре ќе изготви и обраќање до Владата со барање за нејзино известување по однос на отворен предмет за дивоградбите во Охрид и Струга.