Хоспитализирани нови 26 пациенти во скопските ковид центри
Во скопските ковид центри во изминатите 24 часа се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 331 лице сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ се вели во соопштението од министерството за здравство.