Најмалку 11 луѓе исчезнати во свлечиштето во Норвешка
Најмалку десетина луѓе се повредени, а 11 се водат како исчезнати откако голем одрон на земјиште настана во станбена населба во јужниот дел на Норвешка во текот на вчерашниот ден. Спасувачките екипи веќе 24 часа трагаат по исчезнати деца и возразни во погодениот град Акс кој се наоѓа на 30 километри северно од главниот град Осло. Властите од оваа област евакуираа околу 900 жители.
„Сосема сме сигурни дека има луѓе во погодената област но не сме сигурни дали сите 11 се таму или пак станува збор за помалку луѓе. Се уште трагаме по преживеани “ вели полицискиот портпарол Роџер Петерсен. Засега не е јасно дали тие се наоѓаат во урнатините, или успеале да побегнат на време.
Полицијата соопшти дека снимките укажуваат дека најмалку 8 домови се уништени.
Аск со околу 5 илјади жители е познат по тоа дека лежи на почва која е сочинета од таканаречена брза глина.