Американски санкции против судијка и обвинител од Венецуела
САД најави санкции за двајца владини функционери од Венецуела кои се директно инволвирани во донесувањето пресуда за шестмина поранешни директори на компанија со нафта, повразана со САД. Вашингтон тврди дека пресудата била политичка како и обвинението за предметот.
Со овој американски потег се замрзнуваат сите средства и трансакции на венецуелската судијка Лорена Каролина Корнеил Руис и обвинителот Рамон Антонио Торес Еспиноза откако шестмината обвинети добија затворски казни од 8 до 14 години. Американските власти побараа ослободување на обвинетите кои биле наречени „ Цитго 6“ по името на американската подружница на државната нафтена компанија во Венецуела.
„Неправедно притворање и казнување на овие шест лица покажува дека корупцијата и злоупотребата на моќта се длабоко вградени во институциите на Венецуела“ изјави американскиот секретар за финасии Стивен Мнучин.
Венецуела е една од најголемите светски производители на нафта, а приходите од неа помогнаа во зајакнувањето на владеењето на Николас Мадуро во услови на економски и политилчки хаос. САД и неколку други земји го поддржаа тврдењето на опозицискиот лидер Хуан Гуадо како вистински лидер на Венецуела во почетокот на 2019 година. Од друга страна, Мадуро доби поддршка од Русија, Кина и Куба и покрај знаците за масовна изборна измама.