Четиридневен полициски час во Турција
Во Турција денеска стапува на сила општ четиридневен полициски час во борбата против епидемијата на коронавирусот. Полицискиот час ќе трае од денеска во 21 часот до 5 часот наутро на 4 јануари. Претходно, Анкара воведе целосно заклучување во текот на викендите и полициски час во текот на работните денови за спречување на инфекциите.
Турција ќе ги добие кинеските вакцини пред четврток
Бројот на починатите во Турција од коронавирус се зголеми за 254 во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство во средата, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 20.642. Бројот на нови случаи во истиот период изнесуваше 15.692, со што вкупните случаи од почетокот на пандемијата достигнаа над 2 милиона и двесте илјади.