Нови земјотреси во Петриња,земјата се спуштила до 30 сантиметри
Објавени се сателитски снимки со анализа која открива дека поради разорниот земјотрес во вторникот, земјата во Петриња се спуштила повеќе од 10 сантиметри. Снимките на Фејсбук ги објави Ален Берта, инженер по шумарство и консултант во меѓународната компанија ЦГИ, задолжен за подрачјето за набљудување на планетата. Тој додава дека во земјотресот во Загреб земјата се поместила само неколку сантиметри во епицентарот.
„Толкаво движење на земјата е поголемо отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години. Само да потсетам дека во земјотресот во Загреб земјата се движеше само неколку сантиметри во епицентарот, додека во самиот град беше неколку милиметри” стои во неговата објава.
3.000.000 денари помош од Скопје за Петриња
Земјата во областа Банија се уште се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер што во вторникот ги погоди Петриња и околината. Земјотресот беше проследен со низа последователни, а до вчера имаше 265 степени со магнитуда поголема од 1 степен, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.