Трагедија во БиХ: Осум деца се задушиле со плин
Како што пренесува порталот „Кликс“, во викендица биле пронајдени телата на осум тинејџери кои биле ученици во четврта година во средно училиште и студенти.
Се претпоставува дека младите луѓе најверојатно се загушиле од гас од агрегат, преку кој се напојувала струја во куќата. Трагедијата се случила за време на новогодишната прослава. Увидот е во тек, а во текот на денот се очекуваат повеќе информации.