Индија одржува вежби за масовна вакцинација
Индија денеска почна вежби за, како што се очекува, една од најголемите светски програми за вакцинација.
Владиниот панел вчера препорача итна употреба на вакцината против коронавирус на компанијата Астра Зенека, а вакцинацијата би можела да почне наредната недела, откако телото за контрола на лекови ќе го даде финалното одобрение.
„Промена на играта“ во борбата против ковид-19, Европа се вакцинира
Индија, со над 10,3 милиони потврдени случаи на коронавирус, е втора по бројот на случаи, по САД, каде што досега се регистрирани над 20,6 милиони заразени. Земјата со над 1,3 милијарди жители си постави амбициозна цел да вакцинира 300 милиони луѓе до средината на годинава.
Десетици милиони дози на вакцината на Астра Зенека се складирани, а 96 илјади здравствени работници се на обука за процесот на вакцинирање.
По 25 здравствени работници, на вежбите, примаат лажни вакцини во секој од пунктовите ширум земјата каде што ќе се спроведува вакцинацијата.
Министерот за здравство Харш Вардан изјави дека вежбите ќе помогнат за вакцинацијата да се одвива без грешки. Тој исто така повика за кампања која треба да им се спротивстави на „неточните гласини“ кои може да ги уплашат луѓето од вакцината.