Мицитакис ќе прави реконструкција на грчката влада
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, реши да направи промени во Владата и денеска точно напладне и официјално ќе биде соопштена реконструкцијата, јави МИА од Атина.
Според информациите во грчките медиуми, промени ќе има на неколку министерски позиции, можно е да биде одреден и нов портпарол на Владата, а актуелниот - Стелиос Пецас, да замине во некое од министерствата. Веројатно непроменети ќе останат министрите за надворешни работи, за образование и за цивилна заштита, јави МИА од Атина.