Стотина жртви со милионски барања за отштета во предметот „Таргет-Тврдина“
Вкупно 177 луѓе досега поднеле писмено барање за отштета во предметот „Таргет Тврдина“ велат од Кривичниот суд. Најмалку 25 милиони евра досега се побарувањата од оштетените и незаконски прислушувани луѓе кои се сведоци во предметот кој го истражуваше поранешното СЈО.