Времето променливо облачно и потопло
![Времето променливо облачно и потопло](https://gdb.rferl.org/89EADEBA-34A7-423B-B4C6-C74DFF29F5D5_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Максималната температура ќе се движи од 3 степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија.