Борел: Односот со Русија е еден од најсложените во ЕУ
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел вели дека односот со Русија е „еден од најсложените во ЕУ“, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.
"Неодамнешните настани само уште повеќе ја потенцираат мојата потреба да ја посетам Москва. Но, покрај спорните прашања, постојат области каде ЕУ и Русија соработуваат или треба да соработуваат повеќе, за што е потребно наше итно внимание", изјави Борел, кој на 4 февруари треба да патува во Москва.
Ова ќе биде негова прва посета на Русија од 2017 година. Предвидено е тој да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други високи претставници за ситуацијата во Украина, важноста од спроведувањето на нуклеарниот договор со Иран, пандемијата на коронарниот вирус и климатските промени.
Гневот поради корупцијата и Навални можат да ја редефинираат руската политика
Како што е најавено, една од темите ќе биде неодамнешното труење и апсење на опозицискиот лидер Алексеј Навални, како и загриженоста на ЕУ во врска со прашањето за основните права и слободи во Русија. За време на посетата, Борел ќе се сретне и со претставници на руски граѓански организации и членови на академската заедница во Москва.