Нема услови угостителските објекти да работат по 21 часот
На денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19. Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот, информира Министерството за здравство.
Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
Во овој момент, здравствената ситуација со ковир-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.
Во болниците се лекуваат 599 пациенти со ковид-19
Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати, препорачуваат здравствените власти.