Белгија осуди ирански дипломат за заговарање бомбашки напад во 2018
Белгискиот суд денеска осуди ирански дипломат за заговор во врска со спречен бомбашки напад, планиран за во 2018 година на митинг на опозицијата пред Париз и му одреди затвор во траење од 20 години, јави АФП.
Асадолах Асади, сега 49-годишен, се поврзал со иранската мисија во Австрија, и снабдувал експлозив за планираниот напад. Тој беше уапсен во Германија, каде немаше дипломатски имунитет.
На тројца соучесници, со двојно државјанство иранско-белгијско, им беше изречена затворска казна од 15 до 18 години и им беше одземено белгиското државјанство, јави АФП.