Битиќи: Се разговара за моделот, поддршка за плати ќе има
Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има, истакна на денешната прес-конференција заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Дополни дека уште се разговара за моделот којшто ќе биде општо прифатен со синдикатите и коморите, и оти најверојатно во брзо време ќе се донесе одлука.
Вицепремиерот посочи дека бројот на вработени коишто биле поддржани со плати опаѓал од месец во месец, за да се дојде во месец декември, кога беше шестиот месец на субвенции во стопанството, до 60 илјади вработени кои се некако поддржани со мерката финансиска поддршка на плати.
Објавени фирмите кои не исплатиле плати, а добивале помош
Тој нагласи дека финансика поддршка за плати ќе има зашто на Владата ѝ е важно секое работно место.Но, во земјавва има околу 180.000 блокирани сметки.
„Тоа се најмалку 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално и тоа е бројката што најмалку ќе биде опфатена", рече Битиќи.