Мјанмар го исклучи интернетот
Воената влада на Бурма денеска ја прошири блокадата на социјалните медиуми со вклучување на Твитер и Инстаграм, додека илјадници луѓе излегоа на протест за да го изразат несогласувањето од државниот удар и да побараат ослободување на премиерката Аунг Сан Су Ќи.
Мјанмар го блокираше Фејсбук поради повици за граѓанска непослушност
Околу 3.000 демонстранти излегоа на улиците близу универзитетот Дагон во главниот град Јангон, противејќи се на преземањето на власта од армијата. „Долу воената диктатура! скандираа демонстрантите, веејќи црвени знамиња, бојата на партијата на Националната лига за демократија (НЛД) на Су Ќи.
Властите им наредија на операторите за комуникација и давателите на услуги на Интернет да го намалат пристапот до Твитер и Инстаграм, велејќи дека некои луѓе се обидуваат да ги користат платформите за ширење лажни вести.
75-годишната Су Ќи, беше приведена по пучот, што предизвика осуда од западните земји. Нејзината партија, НЛД убедливо победи на изборите во ноември, но војската ги оспори овие резултати.