Регистрирани 51 новозаразени со Ковид-19, деветмина починале
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, од кои во Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по еден.
Пријавени се вкупно девет починати пациенти. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 308 оздравени пациенти.
Ако има повеќе инфицирани со британскиот ковид сој, можни се нови мерки
Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.